Ирак почна со отплата на долгот од 12 милијарди долари кон Иран
Ирак почна да го отплаќа долгот од 12 милијарди долари кој соседниот Иран, јави денеска турската новинска агенција Анадолија. Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера допатува во тридневна официјална посета на Багдад, која се смета за историска. Тој дојде со бројна политичко-економска делегација. Една третина од ирачкиот долг кон Иран е за струја и гас.