Повеќе од 370 000 мртви во Сирија од почетокот на војната
Повеќе од 370 000 луѓе се убиени од почетокот на војната во Сирија, деветта година по ред, објави Сириска опсерваторија за човекови права. Меѓу жртвите има 112 623 цивили, од кои 21 000 деца и 13 000 жени, соопшти опсерваторијата која има голема мрежа на извори низ цела Сирија. Сирискиот конфликт, кој започна со репресија на опозицијата во март 2011 година, со текот на годините стана покомплициран со учество на странски земји и разни милитантни групи.
Во конфликтот загинаа 125 илјади припадници на Сириската армија и нејзините сојузници соопшти опсерваторијата, додавајќи дека 67.000 борци на други сили биле убиени, вклучувајќи ги и бунтовниците. Во војната се убиени речиси 66 000 милитанти на Исламската Држава и групата Хајат Тахрир ал-Шам, поранешниот сириски огранок на Ал Каеда.