Холандските обвинители испрашуваат осомничени за нападот во Утрехт
Холандските обвинители кои го испрашуваат осомничениот за смртоносниот напад во трамвајот во Утрехт, кој е роден во Турција, велат дека досега не нашле врска меѓу осомничениот и жртвите.
Во денешно сооопштение обвинителите велат дека се уште сериозно сметаат дека тероризмот е мотив за вчерашното пукање, делумно пради белешката пронајдена во возилото на Гокман Танис.
Тие сепак велат дека семеен спор не може целосно да се исклучи како причина за инцидентот.
37-годишниот Танис беше уапсен на 18 март осум часа откако го изврши нападот. Други две лица исто така беа уапсени во врска со инцидентот, соопштија обвинителите.