Британската влада ги разгледува опциите за „Брегзитот“
Британската влада разгледува можни одговори на одлуката на претседателот на Парламентот со која премиерката Тереза Меј не може повторно пред пратениците да го изнесе договорот за повлекување од Европската унија, кој тие два пати го одбија.
Министерот за „Брегзит“ Стивен Беркли денеска изјави дека владата „сериозно ќе ја разгледа“ одлуката договорот да не може да се стави на гласање, доколку не биде суштински разгледана.
Меј водеше разговори со противниците во рамки на подготовките за ново гласање, а Беркли рече дека владата треба „детално да ај разгледа одлуката.“