Денеска второстепена пресуда против Радован Караџиќ
![Денеска второстепена пресуда против Радован Караџиќ](https://gdb.rferl.org/BE624E72-5AE9-478A-A40E-1CFD74E476BE_w800_h450.jpg)
По три години жалбeна постапка, Жалбениот совет од механизмот за кривични судови во Хаг денеска треба да ја изрече второстепената пресуда против лидерот на босанските Срби за време на војната во Босна и Херцеговина Радован Караџиќ. Тој во март 2016 година, од Судскиот совет на Хашкиот трибунал беше осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и -злосторства против човештвото во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година.