Приведени средношколци кои се тепале во автобус во Скопје
Неколку средношколци пред околу еден час се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов“ кон Центар, јавува МИА.
– Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП.
Од МВР информираат дека е излезено веднаш на местото на настанот и се приведени дел од учесниците во физичката пресметка.