Астана стана Нур-Султан
Казахстанскиот главен град денеска беше преименувам од Астана во Нур-Султан, во чест на лидерот Нурсултан Назарбаев, кој минатата недела неочекувано поднесе оставка, по речиси 30 години на власт. Ова е четврти пат во последните 60 години, главниот град да го промени името, а некои жители и опозициски политичари протестираа против најновата промена која стана официјална кога декретот го потпиша привремениот претседател Касим Јомарт Токајев.
Градот, кој има околу еден милион жители, претходно се викаше Акмолинск, Тселиноград и Акмола пред да биде наречен Астана или „главен град“, кога Назарбаев 1997 година таму ја префрли престолнината од Алмати.