Османи: Комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство за Законот за СЈО
Вицепремиерот Бујар Османи денеска побара комуникација со пратениците за да се обезбеди мнозинство во Собранието за законското решение за СЈО, откако вчера пропадна обидот на власта и ВМРО-ДПМНЕ за договор со кој се крои судбината на Специјалното обвинителство.
Османи бара Владата паралелно да работи на две траектории.
„Очигледно дека вчера таа рунда не успее да даде резултати. Јас сметам дека треба да се продолжи паралелно да се работи во две траектории. И во продолжување на обид за постигнување на консезус но и во комуникација со пратениците, за евентуално да се обезбеди мнозинство во Собранието“, вели Османи.
Законот за Јавното Обвинителство како и пакетот закони од безбедносните служби се тоа што остана од Планот 18. Тој требаше да биде реализиран уште во февруари, до предсостанокот за Стабилизација и Асоцијација во Брисел.