Вучиќ: Предвремени избори во јуни или следната пролет
Раководството на владејачката партија Српска напредна странка сака предвремени избори за да ја тестира својата популарност на една година пред редовните избори и по неколкумесечните протести на опозицијата. Претседателот Александар Вучиќ по завршувањето на седницата на претседателството на неговата партија изјави дека конечна одлука за распишување на избори нема, но сега се чекор поблизу до нив.
„Ние не донесовме конечна формална одлука за предвремени избори, но раководството гласаше „за“, јас бев „воздржан“. Сега сме поблиску до предвремени избори отколку претходно. Изборите би се одржале или на почетокот на јуни или следната пролет“ изјави Вучиќ.
Тој објаснил дека раководството на партијата ја известило премиерката Ана Брнабиќ која според Уставот треба да поднесе оставка за да може Вучиќ да одреди датум за распишување на избори.