Филипче: Новиот клинички центар ќе се гради догодина
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека има сериозни шанси темелите на новиот клинички центар да бидат поставени до крајот на годинава и дека очекува во предвидените рокови да завршат сите постапки во врска со земјиштето во општината Ѓорче Петров.
Тој одговарајќи на новинарско прашање поочи дека сега се ревидира физибилити студијата за гринфилд локација. Филипче додаде дека веќе се собрани податоците на директорите на клиниките за тоа како и што претпоставуваат и сакаат да имплементираат во нивните одделенија, а во смисла на нови оперативни сали, број на кревети, согласно бројот на пациенти кои се третираат овие изминати години.
„Ревизијата на физибилити студијата и сите други подготвителни работи околу земјиштето очекуваме да бидат готови во мај и потоа ќе бидеме подготвени и официјално да ја почеме постапката“, изјави Филипче.