„Северна“ на владината фасада по изборите
Новото име на државата ќе биде поставено на фасадата на Владата по изборите, изјави денеска генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
„Тоа е процедура што налага тендерски постапки и можете да очекувате тоа да се случи по завршување на изборите, согласно тоа дека за време на избори тендерски постапки што не се во годишниот план за јавни набавки не може да се спроведуваат, рече Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците
на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Буквите од фасадата беа отстранети по стапувањето во сила на Договорот од Преспа, на нивно имедојде новиот назив „Влада на Република Северна Македонија“.