Ѓул - Посетата на Брентон на Турција била повеќе од туристичка
Посетата на Турција од страна на осомничениот за терористичкиот напад врз две џамии во Нов Зеланд, била повеќе од туристичка, изјави денеска турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул, јави агенцијата Анадолија. Според турските власти, осомничениот за терористичкиот напад ја посетил Турција двапати во 2016 година. Надлежните оценуваат дека имало можност тој да дошол во земјата за да изврши терористичка или самоубиствена операција.
Најмалку 50 муслимани беа убиени и исто толку повредени кога на 15 март, сега осомничениот Брентон Тарант пукаше во верници во џамии во Крајстчрч.