Скапа политичка моќ или евтина турска сапуница?
Турција со инвестициите во Западен Балкан, но и со религиското и културното влијание, може да си обезбеди голема политичка моќ, стравуваат голем дел од членките на ЕУ. На тоа бојно поле на Анкара со Брисел за геостратешко влијание последните години е и Македонија, велат аналитичарите.