Почнува кампањата - од денеска и официјално
Кандидатот на Беса и Алијансата за Албанците Блерим Река ја почнува кампањата од Скопје, Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, стартува од Охрид, а кандидатот зад кој застана владејачката коалиција, Стево Пендаровски, кампањата ја стартува од Прилеп. Од денеска до 19 април трае предизборната кампања, потоа е предизборниот молк, а изборите се на 21 април.