Фејсбук отстрани повеќе од 100 лажни страници од Пакистан
Фејсбук отстрани 103 страници, групи и профили за кои соопшти дека се дел од мрежата поврзана пакистанското милитантно крило за односи со јавност. Шефот за сајбер безбедност на гигантот во социјалните медиуми Натаниел Глејчер денеска изјави дека „координираното несоодветно однесување“ на профилите на Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле политиките на компанијата.
Фејбук утврдил дека овие корисниците биле поврзани со вработени во секторот за односи со јавност на пакистанската милитанта група (ИСПР), рече Глејчер.
Тој истакна дек вработените во ИСПР работеле на воени фан страници, како и на страици за спорниот химелајски регион Кашмир, како и на локални и политички вести.
Повеќе од 2,8 милиони профили следеле една или повеќе од страниците, изјави Глејчер. Фејсбук истот така забрани 687 страници поврзани со индиската главна опозициска партија, исто така за „координирано несоодветно однесување“, неколку дена пред изборите во земјата на 11 април.
Фејсбук деновиве забрани голем број на мрежи кои се обидуваат да манипулираат со јавното мислење низ целиот свет.