Српската опозиција најави нови протести
Српската опозиција и граѓански здруженија кои се дел од иницијативата „Еден од пет милиони“ најавија нов „голем народен протест“ на 13 април пред српското Собрание, поради како што истакнаа на денешната средба неисполнувањата на ниту едно од нивните барања од страна на претседателот Александар Вучиќ.
„Ги покануваме сите граѓани заедно да кажеме „не“ на бруталната злоупотреба на медиумите, арогантното уништување на институциите, грабежот на стопанските ресурси, кршењето на демократските принципи и оспорување на човековите права во режија на Александар Вучиќ“, се вели во соопштението.
Тие оценуваат дека ваквата практика „го уништува демократскиот капацитет на општеството“ и е предвесник на физичкото насилство кое континуирано се спроведува над граѓаните кои го изразуваат своето противење на „оваа криминална и арогантна власт.“