Пакистан тврди дека Индија планира да ги нападне
Пакистанскиот министер за надворешни работи Махмуд Куреши рече дека има релевантни информации дека Индија ќе ја нападне неговата земја подоцна во текот на месецов и дека за тоа ги информирал Обединетите нации. Во градот Мултан тој денеска рече дека нападот можел да се случи од 16 до 20 април. Тој не прецизираше за какви информации се работи, но нагласи дека пакистанскиот премиер Имра Кан се согласил да ги обелодени во јавноста. Министерот додаде дека Пакистан ги информирал петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН за можноста од напад. Засега нема реакции од Индија. Ваквите изјави доаѓаат во период на тензии меѓу двата нукеларно вооружени соседи.