Парламентарни избори во Израел
Израелците денеска гласаат по тримесечна изборна кампања фокусирана повеќе врз лични напади отколку врз сеопфатни политички предлози. Право на глас на 21 парламентарни избори во Израел имаат 6,3 милиони луѓе. Овие избори се сметаат како своевиден референдум за премиерот Бенјамин Нетанјаху кој се стреми шетврти пат по ред, а петти пат досега да остане на таа функција. Доколку се случи тоа тој по бројот на години ќе го надмине првиот израелски премиер, таткото на нацијата Давид Бен Гурион.