Времето денеска: облачно со повремени врнежи
Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи (локално над 20 л/м2). Во источните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 6 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 9, а дневната ќе достигне до 13 степени.