Скајп забранет во Обединетите Арапски Емирати
Обединетите Арапски Емирати го забранија Скајп, соопшти компанијата, која е во сопственост на „Мајкрософт”.
„Нашата веб-страница и услуги се блокирани од интернет-провајдерите во Обединетите Арапски Емирати. Тоа значи дека нема да бидат во можност да го користат Скајп во ОАР“, соопшти „Скајп” на својата интернет-страница. Тие додаваат дека работат на повторно оспособување на сервисот.