Меј разгледува идеја за втор референдум за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј ја разгледува идејата да му предложи на Парламентот во Лондон да распише втор референдум за Брегзит, објави денеска лондонскиот весник „Дејли Телеграф“.
Според весникот, промената на ставот на Меј, која досега беше категорично против нов референдум, доаѓа во време кога таа се обидува да постигне компромис со лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, со цел лабуристите да го поддржат усвојувањето на Договорот за Брегзит во Парламентот.
Сепак, како што посочува „Дејли Телеграф“, многу лабуристи, вклучително и самиот Корбин, не ја поддржуваат идејата за втор референдум за Брегзит.