Стадионот „Филип Втори“ ќе се вика Национална арена „Тоше Проески“
Стадионот „Филип Втори“ во Скопје се преименува во Национална Арена „Тоше Проески“, одлучила Владата на денешната седница.
„Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти Владата.
Некогашниот Градски стадион во 2009 година беше преименуван во Национална Арена „Филип Втори“, а во 2016 и 2017 година беше познат како „Телеком Арена“.