Шекеринска: Членството во НАТО значи подобра економија
Членството во НАТО за државата е важно не само на безбедносен, туку и на економски план, за што пристигнале и политички и економски
потврди, токму при одбележување на Неделата на НАТО оцени денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата во Куманово на организираниот отворен ден на Армијата со граѓаните.
„Неодамна, беше потврдено дека по долги години понизок кредитен рејтинг, успеваме како држава да го подобриме кредитниот рејтинг, што значи дека и државата и фирмите и граѓаните ќе можат да добиваат средства под поповолни услови“, изјави министерката и додаде дека „порастот на извоз, на странските директни инвестиции и особено падот на невработеноста покажува дека кога државата презема вистински чекори на политички план, тоа носи и позитивни економски резултати“.