Синот на поранешниот градоначалник на Штип пронајден мртов
Младо безживотно тело денеска околу 9:45 било пронајдено мртво во својата вила во село Ѕвегор, Делчевско, соопштија од МВР. Како што информираат телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З. Медиумите веќе објавија дека се работи за синот на поранешниот градоначалник на Штип Илчо Захаиев, Александар Захариев.
Обвинителството извршило увид на местото. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причните за смртта.