Заев - Хамачек: Чешка поддршка за Северна Македонија во НАТО и ЕУ
Оваа поддршка што доаѓа од Владата на Република Чешка, како
и од народот на таа земја, е од исклучителен позитивен интензитет и во меѓународните форуми, особено во Европската Унија, и доаѓа како признание за Република Северна Македонија и за нејзините политики, изјави премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со владина делегација на Република Чешка предводена од вицепремиерот на чешката Влада, Јан Хамачек.
Како што соопштија од владиниот кабинмет, премиерот Заев истакна дека Владата на РСМ е посветена на евро-атлантските реформски процеси, на развивањето на концептот „Едно општество за сите“, на македонскиот модел на решавање на добрососедските односи за решавање на најделикатните прашања, како и во однос на придонесот на регионалната соработка меѓу земјите на Западен Балкан.