Израел во живо ќе ги пренесува консултациите за формирање нова Влада
Следната недела израелскиот претседател Реувен Ривлин ќе ги почне консултациите со партиите што освоија пратеници во новиот состав на Кнесетот, за формирање нова влада на Израел, соопшти денеска Кабинетот на шефот на израелската држава, објави ДПА.
Во соопштението се посочува дека консултациите меѓу Ривлин и претставниците на политичките партии ќе бидат пренесувани во живо на сите платформи, во име на транспарентноста, што претставува историска и пионерска одлука во историјата на Беит Ханаси - резиденцијата на претседателот.
Мандатарот ќе има рок од 28 дена за формирање влада, а доколку не успее во тоа за тој период може да добие уште дополнителни 14 дена.