Филм за војната со Авганистан нападнат како „непатриотски “ од руски ветерани
Група на руски воени ветерани тврдат дека новиот филм за советските воени трупи во Авганистан е „непатриотски“ и треба да биде забранет. Режисерот на филмот „Оставање на Авганистан“ Павел Лунгин тврди дека е чесен извештај за катастрофалниот конфликт и дека е различен од досегашните руски патриотски воени филмови.
Во него се прикажани како руски војници се опиваат и ограбуваат за време на последните хаотични месеци на советско-авганистанскиот конфликт во 1979-1978 година, што доведе до смрт на над 14 илјади советски војници и заврши со повлекување на Русите од таа територија.
Филмот чии руски наслов е „Братство“ се очекува да биде премиерно објавен на 9 мај, денот кога Русија ја празнува победата врз нацистите во Втората Светска војна со масовна парада во Москва. Но, по протестите на руските воени ветерани кои тврдат дека филмот е навреда за семејствата на загинатите во тој конфликт, датата за премиерата се уште не е точно утврдена.