Мета стравува од домино ефект по одлуката на Холандија за визите
Албанскиот претседател Илир Мета, оцени дека Тирана треба да направи се што е во нејзина моќ, со одлуката на Холандија за суспензија на безвизниот режим со Албанија, да не предизвика домино ефект, па и други земји да почнат да го враќаат визниот режим за албанските граѓани. Тој коментирајќи ја одлуката истакна дека постапката на холандскиот Парламент е без преседан, затоа што, како што вели, до сега не се случило да постои такво барање за Западен Балкан и за Албанија.
„Се разбира, тоа е аларм, и ние треба да дадеме посилни пораки за организираниот криминал, кој не е загрижувачка појава само за Холандија, туку и за други земји, како што е Велика Британија. Второ, ние мора да имаме потесна соработка со Европската комисија, за да немаме ситуација што може да создаде негативна перцепција за Албанија. Ова ни кажува дека има некои достигнувања кои можат да бидат штетни и ранливи за нашата земја. Ова бара силна рефлексија и посветеност,“ изјави Мета.
Тој не ја отфрла можноста Албанија да се соочи со вакви одлуки и од други земји членки на ЕУ.