Најавена посета на севернокорејскиот лидер на Москва
Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун за помалку од две недели ќе дојде во посета на Москва, соопшти Кремљ. Во кратката изјава објавена на веб страницата Ким Џонг Ун се наведува дека било планирано да ја посети Русија во втората половина во месецот. Најавата за оваа посета доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трапм врши притисок за намалување на тензиите за нуклеарна програма на Корејскиот Полуостров. Следната недела рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на Форум во Пекинг каде што ќе се разгледуваат опции меѓу десетина земји за изградба на патишта и пристаништа.