Советничка на Трамп на разговори во Москва
Советничката на американскиот претседател Доналд Трамп, Фиона Хил беше во Москва на средба со неколку руски официјални лица меѓу кои и помошникот во Кремљ Јури Ушаков, изјави денека портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. Тој на денешната прес конференција изјави дека Хил со руските претставници разговарале за билатерални прашања но не разговарале за потенцијалниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Трамп.
Официјален претставник од американската амбасада кој побара да биде анонимен, за Асошиетед прес ја потврди посетата на Хил на Москва.
Хил е директор за европски и руски работи при Советот за национална безбедност на САД.
Оваа информација доаѓа во период кога се очекува објавувањето на конечниот извештај од американското Министерство за правда на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата за руското мешање во американските претседателски избори.