Тимоние: убаво размислете претстојните две седмици
Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние денеска во Кавадарци рече дека високата излезност на претседателските избори во тој град била доказ за демократската зрелост на жителите, но и за желбата што побрзо да се избере шеф на државата.
“И нам ни е потребно тоа, бидејќи тоа ќе значи приближување кон Европската Унија. Затоа што ќе ни биде потребен кредибилен соговорник, што е многу важно во целиот овој транзициски период, што е многу важен за вашата земја. Вие треба да го изберете, а ние ќе си ја вршиме нашата работа. Но, потребна ни е држава што функционира. Затоа, обидете се да ни го дадете тој знак, тој сигнал и убаво размислете претстојниве две седмици што се пред вас”, изјави Тимоние.
Тој во Кавадарци се сретна со градоначалникот Митко Јанчев со кој разговараа за заеднички проекти и користење на фондовите.