Савченко го поддржа Володимир Зеленски
Украинската пратеничка Надја Савченко се враќа во парламентот една недела откако беше неочекувано ослободена од затвор, каде што таа беше задржана повеќе од една година поради наводите дека планирала терористичка напад врз парламентот.
Говорејќи денеска, Савченко вети дека ќе остане во политиката и рече дека не планира да биде во опозиција кон Володимир Зеленски, кој го победи актуелниот претседател Петро Порошенко на претседателските избори на 21 април.
Савченко, која се врати од Русија како херој по две години затвор, но беше уапсена во својата татковина во март 2018 година, беше ослободена на 16 април, бидејќи терминот на нејзиниот притвор истекуваше и не беше продолжен. Савченко рече дека ќе продолжи да работи како пратеник во Парламентот ", бидејќи се заколнала пред украинскиот народ".