Трамп во посета на Британија во јуни
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прифати поканата од кралицата Елизабета Втора за формална државна посета на Велика Британија во јуни, објавија Бакингемската палата и Белата куќа.
Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп на 3-ти и 5-ти јуни, ќе ја посетат Британија, објави палатата. Трамп ќе биде третиот претседател на САД кој ќе оствари државна посета на Британија.
Многу други претседатели беа во посета, но само последните претходници на Трамп, Џорџ Буш и Барак Обама, остварија државни посети.
Трамп останува непопуларен кај многумина во Британија. За време на неговата работна посета таму во 2018 година, десетици илјадници луѓе излегоа на улиците во главниот град, во знак на протест поради посетата.
Организаторите на овие протести рекоа дека планираат "огромна демонстрација" против неговата претстојната државна посета.
Посетата ќе се совпадне со настаните што ќе ја одбележат 75-годишнината од пристигнувањето на американските, британските и другите сили во Нормандија, Франција, во Втората светска војна.
Белата куќа соопшти дека Трамп и неговата сопруга ќе отпатуваат во Франција на 6 јуни за да присуствуваат на церемониите и да се состанат со францускиот претседател Емануел Макрон.