Протест за оставка на главниот обвинител на Косово
Опозициското Движење Самоопределување денеска ќе одржи протест против главниот обвинител на Косово Александер Љумези, со барање за негова оставка. Според партијата на Албин Курти, Љумези нема преземено ништо против криминалот и корумпираните власти. Оваа партија последниве недели организира и средби со граѓаните низ сите косовски градови, со цел мобилизација за протести за уривање на Владата на Рамуш Харадинај и смена на претседателот на државата, Хашим Тачи.