ЕУ предупредува на загрозена независност на судството во Источна Европа
Европската комесарка за правосудство Вера Јурова денеска изјави дека под опасност е назависноста на судството во источноевропските земји, како што се Бугарија, Унгарија, Полска и Романија, при што предупреди дека тој тренд може да ја наруши довербата меѓу земјите членки на Европската унија.
Јурова рече дека се зголемуваат предизвиците во однос на владеењето на правото во некои земји и дека реформите во судството се нарушуваат исклучително со политизирани расправи.
Европската комесарка додаде дека граѓаните и компаниите главно во земјите од Источна Европа се загрижени од растечките политички притисоци и политичкото мешање, но и дека ако правосудниот систем е нарушен во една земја тоа ќе се чувствува и во другите земји наЕУ.