Шише за бренди од потонатиот Титаник продадено за 76.000 фунти
![Шише за бренди од потонатиот Титаник продадено за 76.000 фунти](https://gdb.rferl.org/EB55E287-859F-420D-8356-05DA2A0E8029_w800_h450.jpg)
Шише за бренди, кое припаѓало на патник од првата класа на „Титаник“, е продадено на аукција за 76.000 фунти (88.000 евра), објави Би-Би-Си. Патникот го добил сребреното шише кога бродот почнал - Хелен Черчил Канди му дала на Едвард Кент шише на кое било изгравирано мотото на нејзиното семејство „верни, но несреќни“.
Канди потоа му рекла на Кент: „Ти имаш повеќе шанси да преживееш отколку јас“.
Меѓутоа, Канди преживеала, а Кент загинал, заедно со повеќе од 1.500 патници. Шишето било пронајдено истовремено со неговото тело. Сребреното шише за бренди беше продадено на аукција во Вилтшир, каде беше опишано како