Заев: Стабилноста и реформите аргументи за позитивна одлука на ЕУ
На самитот во Берлин порачавме дека стабилноста и реформите што ги испорачува земјава мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по враќањето од Берлин, каде што се одржа самит за земјите од Западен Балкан.
Заев порача дека земјата презела одговорност за себе и за регионот и оти сега е време и Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи.
Според него, најважен и најмногу нагласуван заклучок на самитот било дека успешниот договор со Грција е модел за решавање отворени прашања и конфликти.