Берлускони хоспитализиран, не се појавил на политички настан
Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлоускони го пропуштил денешниот политички настан на кој требало да присуствува, бидејќи бил хоспитализиран поради болки во бубрезите.
Потпретседателот на неговата партија. Антонио Тајани истакна дека Берлускони останува посветен на кампањата за претстојните избори за Европскиот Парламент и ќе учествува на телевизиски емисии. Тајани е и актуелниот претседател на ЕП.