Чавушоглу: Турција останува посветена на членството во ЕУ
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека членството во ЕУ останува стратешка цел на неговата земја. Тој на прес-конференција во Братислава, по заедничка седница со министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската четворка порача дека ако ЕУ не сака да ја прими Турција, таа треба да донесе таква одлука.
Според него, Турција е подготвена да го разгледа секое преговарачко поглавје и да го исполни секој услов, при што по изборите реформите се нивен приоритет.