Последна фаза за соборување на Мадуро или обид за пуч во Венецуела?
Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо изјави дека ја започнал „последната фаза“ од неговиот план за соборување на претседателот Николас Мадуро, тврдејќи дека ја има поддршката од војската. Владата на Мадуро ги осуди тврдењата на Гваидо како обид за државен удар.