Заев бара масовна излезност, Мицкоски масовна поддршка на Сиљановска
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска на средба со граѓани во скопската општина Шуто Оризари повика на масовна излезеност на 5 мај и успешни претседателски избори.
„Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве
ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Сиљановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски“, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со жителите на населбата Сењак во Штип побара уште помасовна поддршка и запечатување на победата на Сиљановска Давкова во вториот круг на 5 мај.
Тој вели дека со победа на Сиљановска Давкова ќе се отвори можноста и за предвремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.