Владата предлага признавање на возачките дозволи со Косово
Владата на денешната седница го усвои предлог закон за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Косово. Одлучено е да има и законски новини за вработените во Агенцијата за национална безбедност. Понатаму на седницата Владата даде негативно мислење за Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) за 2018 година. Според Владата Извештајот не дава целосна слика за состојбите со дискриминацијата. Владата на денешната седница усвоила повеќе одлуки и препораки за да се обезбеди поголема ефикасност од доделувањето дозволи за експлоатација на водите, како и за обезбедување соодветни услови за вршење мониторинг на квантитетот и квалитетот на водите и испуштањето на отпадните води.