Турското обвинителство со 32 истраги за гласањето во Истанбул
Турското обвинителство отвори 32 истраги за наводите за нерегуларности на локалните избори во Истанбул кои се одржаа на 31 март и на разговор повикало повеќе од 100 осомничени членови на избирачките одобри.
Партијата на правдата и развојот на претседател Реџеп Таип Ердоган повика на поништување и повторно гласање во градот. Најголемата опозициска Републиканска народна партија во коалиција со помали партии го освои мнозинството гласови во Истанбул и во Анкара.
Осомничените се под истрага дека го прекршиле избирачкото право и ја злоупотребиле позицијата во пребројување на гласовите.