Асанж не сака да биде екстрадиран во САД
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж пред лондонскиот суд изјави дека не сака да биде екстрадиран во САД каде ќе се соочи со судење под обвинение за протекување на класифицирани информации.
Асанж изјавата ја даде преку видео јавување, бидејќи отслужува затворска казна од 50 недели поради прекршување на условите за кауција. Тој беше прогласен за виновен по неговото апсење во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Наредното рочиште за барањето за негова екстрадиција ќе се одржи на 30 мај,но целосното сослушување за случајот ќе се одржи после неколку месеци.