Делегација на ПС на Советот на Европа ќе ги набљудува изборите
Делегација на Парламентарото Собрание на Советот на Европа предводена од Мари-Кристин Далоз ќе го набљудува вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 5 мај.
Според соопштението, делегацијата изборите ќе ги следи заедно со набљудувачите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Ден пред изборите, како што се наведува, делегацијата ќе има поединечни средби со двајцата претседателски кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, како и со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.