Албанците од јужна Србија бараат да се вклучат во дијалогот Белград-Приштина
Албанците од јужниот дел на Србија започнаа иницијатива за вклучување во завршната фаза од дијалогот Белград-Приштина. Иницијативата ја потпишале претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани.
Писмото со иницијативата е испратено до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, до претседателот на Косово, Хашим Тачи и координаторите на приштинскиот тим за дијалог Шпенди Ахмети и Фатмир Љимај.
Во писмото се наведува и дека конечниот договор помеѓу Косово и Србија „претставува можност да се решат основните проблеми на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе“.