Под истрага судија на Управен суд
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за судија на Управен суд за злоупотреба на службената положба и овластувањe.
Осомниченото лице, како што е наведено во соопштението, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена тужба, а тој постапувал по неа.
Од обвинителството до надлежниот суд доставиле предлог за определување на притвор за осомниченото лице, а спорниот имот е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка, односно забрана за отуѓување