Судир на автобус со затвореници во Чешка – загина затворски чувар
Во судир на автобус кој превезувал затвореници со возило кое превезувало стари историски тенкови на обиколницата околу Прага загинал еден затворски чувар, а 14 осуденици и чувари се повредени. Автобусот по судирот се запалил.
Полицијата подоцна соопшти дека во судирот учествувало и трето возило – камион. Истрагата за причините за несреќата е во тек.
Никој од осудениците не избегал.
Пожарникарите го изгаснале автобусот.