Утре средба на работните групи за Законот за јавно обвинителство
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе се одржи средбата на работните групи за Законот за јавно обвинителство.
„Верувам дека на таа средба ќе се потврди тоа што го испративме како пораки јас и Мицкоски, што, според мене, претставува исчекор кон постигнување решение за едно од најсуштествените разлики што претходно постоеј“а, изјави Заев.
Тој изрази и надеж ќе се постигне договор, точно до рокот, затоа што, како што истакна Заев, навистина се изброени деновите на затворање на извештајот на Европската комисија.