Британија ќе мора да организира европски избори
Велика Британија ќе мора да учествува на изборите за Европскиот парламент на 23 мај, бидејќи нема доволно време британскиот Парламент дотогаш да го ратификува договорот за Брегзит, изјави денеска вицепремиерот Дејвид Лидингтон, објави Ројтерс.
„Жалиме што е невозможно тој процес да биде завршен до датумот за изборите за Европскиот парламент. Тие ќе бидат одржани“, рече министерот Лидингтон.